Столтенберг: Истекувањето на гасоводот „Северен тек“ е чин на саботажа

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека истекувањето на гасоводот Северен тек е чин на саботажа и рече дека со данскиот министер за одбрана Мортен Бодск разговарал за заштита на критичната инфраструктура во земјите од Алијансата.

Loading...

„Со министерот за одбрана Мортен Бодск разговарав за саботажата на гасоводите „Северен тек“. Разговаравме и за заштита на критичната инфраструктура во земјите на НАТО“, објави Столтенберг на Твитер.

Претходно, Бодсков изјави дека постои причина за загриженост за безбедносната ситуација во регионот на Балтичкото Море, наведувајќи ја како последен пример сомнителната саботажа на два гасоводи „Северен тек“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Столтенберг: НАТО нема да биде вовлечен во војна!

„Норд стрим АГ“, операторот на гасната мрежа, вчера објави дека три крајбрежни линии на гасоводниот систем „Северен тек“ претрпеле „невидена“ штета за само еден ден.

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Јосеп Борељ, исто така денеска изјави дека Европската унија се сомнева оти оштетувањето на двата подводни гасоводи Северен тек 1 и Северен тек 2 е саботажа и предупреди дека ќе одговорат на секој напад врз европските енергетски мрежи. пренесува Танјуг.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.