Стокхолм не ја исклучува можноста за влез во НАТО; „Неутралноста ја спаси земјата, но…

Сподели со своите пријатели

Шведска не ја исклучува можноста за приклучување кон Северноатлантската алијанса, вели премиерката Магдалена Андерсон.

Loading...

Андерсон вели дека принципот на независност од воено-политичките сојузи, до кој претходно се придржувала Шведска, ја спасил земјата од конфликт, но дека во променета ситуација, одлуките мора да се носат врз основа на анализа на нови факти.

 

Каква е улогата на Роман Абрамович во преговарачкиот процес?

 

„Можеме да кажеме дека слободата од учество во сојузи добро и послужи на Шведска, дека нè оддалечи од конфликтот, но кога ќе се преобликува сликата за безбедносната политика, неопходно е да се направи ажурирана анализа и да се донесат одлуки врз основа на тоа“ – рече таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар во дом за стари лица во Шпанија, најмалку десет жртви

Претходно генералниот секретар на НАТО Столтенберг изјави дека Шведска и Финска ќе бидат примени брзо во НАТО ако сакаат.

 

Loading...

Издадени низа совети за украинските војници: Оставете го мобилниот дома

 

Во исто време, шефот на шведското Министерство за надворешни работи изјави дека земјата во блиска иднина нема да влезе во НАТО.

Во февруари 2022 година, Шведска исто така ги потврди плановите да не се приклучи на НАТО.