Стојчевски: Општина Куманово ќе набави полуподземни контејнери

Сподели со своите пријатели

Полуподземни контејнери наскоро ќе бидат поставени низ централното градско подрачје во Куманово, а како што информираше денеска на прес конференција Даниел Стојчевски од СДСМ, и поранешен директор на ЈП „Чистота и зеленило“, истите ќе го решат проблемот за управување со отпад.

Loading...

– Самите полуподземени контејнери имаат  5 пати поголем капацитет од еден обичен контејнер, а воедно граѓаните ќе имаат можност во истите, да вршат селекција на отпадот. Оваа постапка е во тек и во најбрзо време ќе се избере најповолен понудувач и самите контејнери ќе бидат поставени најпрвин во централното градско подрачје, а согласно финансиските можности и проценка на надлежните служби, овој проект ќе се проширува и во останатите делови од градот, рече Стојчевски.

Во изминатите 3 години, како што рече Стојчевски, од страна на локалната самоуправа и ЈП „Чистота и зеленило“ беа превземни низа активности со цел успешно справување со овој проблем.

– Во централното градско подрачје  старите корпи за отпадоци беа заменети со нови. Исто така, и во парковите (Соколана, Градскиот парк и Градскиот кеј), беа поставени нови дополнителни корпи за одпатоци. Најголем проблем сепак, претставуваат контејнерите кои се наоѓаат на јавна прометна површина, особено при движење на граѓаните, а кои воедно се со мал капацитет, па службите на јавното претпријатие се принудени да организраат 24 часовно работно време и постојано да ги празнат, што претставува дополнителен проблем кај возачите во сообраќајот, изјави Стојчевски.

Како што рече Стојчевски, новиот начин на селектирање на топадот ќе допринесе за почист град и средена животна средина.

– Воедно ќе дојдеме до поуспшено менаџирање на градската депонија за која особено сме задоволни од менаџирањето, бидејќи во минатото пракса беше, истата да биде постојано палена и да гори, а изминатите 3 години нема ниту едно палење, за што особено се задоволни жителите од село Пчиња, изјави тој.

Стојчевски апелираше граѓаните поради отпочнување на грејната сезона да бидат совесни и внимателни кон својата средина на живеење, бидејќи само со високо развиена свест, заеднички,  можеме да допринесеме за зачувување на чист воздух и зелена животна средина.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply