Сто милиони дози вакцини пристигнуваат во африканските земји

Сподели со своите пријатели

Првата пратка од речиси 100 милиони дози вакцина против коронавирус Џонсон и Џонсон донирана од Европската унија почна да пристигнува во африканските земји, соопшти денеска Меѓународната асоцијација за вакцини ГАВИ.

Loading...

Во соопштението се наведува дека Белгија преговарала за договорот како дел од целокупното ветување на блокот да дистрибуира најмалку 500 милиони дози вакцини во земјите со низок и среден приход до средината на 2022 година, пренесува Ројтерс.

„Првите дози пристигнаа во Нигер, а оваа недела ќе пристигнат повеќе дози во голем број земји“, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во изјавата, наведувајќи ги Гвинеја Конакри, Мавританија, Централноафриканската Република, Џибути, Нигерија, Того и Република Конго.