Стивен Сигал стана српски државјанин

Сподели со своите пријатели

Американскиот актер и музичар Стивен Сигал доби државрајнство од Република Србија.

„Се прима во државјанството на Републиак Србија Сигал (Саул) Стивен Фредерик, роден ан 10-ти април 1952 година во Сојузната држава Мичиген (Ласинг, Ингхам), државјанин на Соединетите Американски Држави“ – пишува во најновиот број на Службениот весник, пренесуваат српскит емедиуми.

Холивудскиот актер неодамна два пати беше во посета на Србија, каде се сретна со највисокиот државен врв.

Го посетил и Прифатилиштето за деца во белград, делел новогодишни пакетчиња на дечињата, а за дочекот на Новата година со својот бенд свиреше на плоштадот во Белград.

Сигал, по неодамнешниот состанот со премиерот на Србија Александар Вучиќ, вели дека ќе направи се за на што подобар начин да ја промовира Србија која ја смета за свој втор дома.

Популарниот актер изразил желба да отвори аикидо клуб во Белград.