Стево Пендаровски победи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски победи во првиот круг од претседателските избори во Куманово, откако ДИК ги преброја сите гласови за оваа општина.

Loading...

Тој освои 16.055 гласови,  Гордана Силјановска Давкова 14.850, а Блерим Река 4.482 гласови. Во проценти, Пендаровски 43.29 отсто, Давкова има 40,04% отсто, а Река 12,09 отсто од гласовите.

Излезноста е 40,17 отсто, односно гласале вкупно 36.751 гласач.

Бројот на неважечки ливчиња изнесува 1.702.

Останува да се соберат податоците уште од само едно избирачко место.

Leave a Reply