Стејт департмент: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Сподели со своите пријатели

Во заедничкотосоопштение на Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан се наведува дека од денеска стапува во сила хуманитарно примирје во судирот помеѓу Ереван и Баку за Нагорно-Карабах.

Loading...

Соопштението уследи по состанокот во петокот помеѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео и министрите за надворешни работи на Ерменија и на Азербејџан.

Во меѓувреме, Минск групата ОБСЕ наведе дека шефоовите на дипломатијата на Ерменија и на Азербејџан ќе имаат повторна средба на 29 октомри.

– Во текот на интензивните разговори, копретседателите и министрите за надворешни работи разгледуваа спроведување на итен хуманитарен прекин на огнот, посебен начин на контрола на прекин на огнот и клучните елементи на се опфатно решение, се наведува во соопштението од Минск групата.

Претходните две примирја, постигнати со посредство на Русија не успеаја,адвете страни меѓусебно се обвинуваа за нивното прекршување.

Марина Илиевска

Leave a Reply