Стејт Департмент: На Хојт Ји му заврши мандатот, не поднесе оставка

Сподели со своите пријатели

Хојт Брајан Ји го заврши мандатот на положбата замник помошник на американскиот државен секретар за централна и јужна Европа, функција која ја извршува од септември 2013 година, пренесува „Гласот на Америка“.

Телевизијата „Ал Џазира“ претходно објави дека Хојт Ји поднел оставка, а медиумите шпекулираа дека би можел да ја презеде амбасадорската функција на САД во една од државите на Западен Балкан, меѓу кои и Македонија.

– Како што знаете амеирканските дипломати ги менуваат позициите на секои неколку години, а во рамките на нормалниот процес за распределба на задолежнијата. Заменикот помошник државен секретар Ји ја извршуваше таа должност четири години, наведува портпаролот на Стејт Департментот, со напомена дека засега нема соопштение за неговите следни задолженија.

Во пишаната изјава, доставена на „Гласот на Америка“, се наведува дека Стејт Департментот му е благодарен на долгогодишната служба и посветеноста на положбата и дека му посакуваат добро во наредното задолжение.