Стејт департмент: Бунтот на Пригожин беше „значаен чекор“

Сподели со своите пријатели

САД нема да шпекулираат за мотивите на шефот на паравоената формација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, за поттикнување вооружен бунт во Русија викендов, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, оценувајќи го потегот на Пригожин како „значаен чекор“.

Loading...

„Владимир Путин е тој што го подигна сеништето од 1917 година, не некој друг, ниту некој од владата на САД“, рече Мулер на брифингот со новинарите, додавајќи дека не знаел за никаков контакт од Вашингтон со, како што изјави, режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко во тоа прашање, пренесува Си-Ен-Ен.

Милер рече дека нема проценка за локацијата на Пригожин или распоредот на силите на Вагнер во Украина или на друго место, истакнувајќи дека ситуацијата во Русија останува „динамична“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што мислат Русите за Трамп и зошто се сомневаат дека ќе стави крај на војната во Украина?

Потегот на Пригожин го оцени како „значаен чекор“, бидејќи, како што наведе, новина е што имало директен предизвик за раководството на рускиот претседател.

„Ново е да се види дека Евгениј Пригожин директно ги доведува во прашање причините за оваа војна и вели дека војната во основа се водела на лага, што е нешто што ние самите го кажавме претходно, но сигурно не сме слушнале такво нешто од официјални лица од Русија порано“, рече Милер.

Како што додаде, не е јасно какви ќе бидат крајните импликации од она што се случи врз активностите и интересите на Соединетите Американски Држави.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.