Стефан Зарковски од Куманово ќе ја претставува Македонија на натпреварот во Москва (фото)

Сподели со своите пријатели

Стефан Зарковски е единствениот средношколец од Македонија кој ќе учествува на финалниот натпревар по руски јазик во организација на Федералната државна, буџетска образовна установа за високо образование Башкирскиот државен универзитет со подршка од Министерството за образование и наука на Руската Федерација и фондацијата „Руски мир“ во дисперзиран вид започна во септември 2017 година.

 

Loading...

 

Натпреварот се оддржува во три круга, првите два се елиминациски и се одржуваат дисперзирано со директно онлајн вклучување и решавање граматички и лексички тестови и други поставени задачи од организаторот. Сите оние што ќе ги поминат првите два круга се стекнуваат со можност да учествуваат на последниот, трет финален круг  кој се оддржува во Москва.

Стефан Зарковски од СОУ „Перо Наков“ Куманово успешно ги реши задачите од првите два круга и единствен од Македонија се стекна со можност да учествува во Финалниот натпревар, каде ќе има можност да се натпреварува со ученици од околу 30 земји.

– Сметам дека учеството на нашиот ученик на овој натпревар е голем успех, голема шанса и ретка можност да претставиме дека во Македонија и покрај постоечките проблеми се уште се изучува рускиот јазик и дека учениците покажуваат високи резултати. Стефан Зарковски ќе има задача да ги претставува не само своите, туку и знаењата по руски јазик на сите ученици од Македонија, воедно ќе придонесе за претставување на нашето училиште, нашиот град и нашата држава, која традиционално има добра соработка со Руската Федерација на сите полиња, изјави неговиот ментор, Билјана Коцевска, наставник по руски јазик.

 

 

Натпреварот се одржува од 13 до 17 декември во Москва, а редакцијата на Кумановски Муабети на Стефан му посакува многу успех.