Стефан Ѓорѓевиќ е новиот центар на КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Од редовите на грчкиот кошаркарски клуб Доукас во дресот на КК Куманово сезонава ќе заигра Стефан Ѓорѓевиќ на позицијата крилен центар.

 

Loading...

stefan

 

Српскиот интернационалец висок 205 сантиметри во изминатата сезона бележи просечни 15,8 поени по натпревар, а во својата кариера настапувал во редовите на грчките СЕФ Аркадикос, ОФИ Ираклеио, црногорскиот Теодо Тиват, српските прволигаши Смедерево и Мега Исхрана, како и Униа Тарнов од Полска.

 

stefan-djorjdevic-php

 

Ова е трето странско засилување за сино-белите на Марјан Србиновски, откако претходно договор потпишаа Стефан Живановиќ и Данило Мијатовиќ.