Стечајците го блокираа влезот и излезот од Куманово (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Кумановските стечајци на два часа денеска го блокираа излезот и влезот од градот, поради незадоволството што државата се уште е глува на нивните барања, а најавија и радикализирање на своите протести, доколку власта и понатаму продолжи да ги игнорира.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”378″]

 

Тие својот протест го зпаочнаа од пред зградата на поранешен Комитет, движејќи се низ улиците во централното градско подрачје, упатувајќи се кон излезот на градот пред автопатот Куманово – Скопје.

Ние не бараме нешто што не е возможно да се оствари бараме по 6.000 денари да имаме за лекови и за едно парче леб. Како што самите знаете Владата на Република Македонија, не поведе ред за оваа категорија на бивши вработени, иако имаме уставно право по член 32 да бидеме обештетни, туку на два наврати не делеше, така што не можеме да бидеме мирни зошто секој ден по еден до двајцата стечајни работници умираат и се разболуваат – вели Лилјана Георгиевска, претседател на здружението на стечајни работници „УНИТ“.

Како што вели Георгиевска морталитетот во редовите на стечјаците е зголемен, па така од шест илјади стечајни работници, сега ги има само четири илјади.

Ова е едно предупредување затоа што по овој протест имаме намера да направиме протести на путарината Куманово – Скопје, а потоа ќе се селиме во Скопје. Ќе се блокираат крстосници и ќе се бара од странските амбасади разговори и да им се објасни каков народ и како живеат оние што граделе и створувале едно време, над 20 години да бидат на улица – додава Георгиевска.

Нивните барања се на 52 години жените, а 55 мажите да добиваат по 6.000 денари месечно со 15 години стаж според законите, а исто така бараат стажот кој не им бил платен навремено да им биде исплатен.

Присутни сме на „Шарената револуција“ во сите градови даваме поддршка, затоа што сечајните работници се први кои сакаат да падне овој режим. Само од единствена причина зошто знаеме дека ќе бидеме обештетени – вели Лилјана Георгиевска од УНИТ.

Инаку, како во понедленик на состакон ќе одлучуваат за идните чекори кои ќе ги преземат, а освен арзгледување на можноста да ја блокираат патарината, најавија и можност да ги блокираат крстосниците во централното градско подрачје во Куманово.

Протест паралелно стечајните работници одржуваат во повеќе градови низ државата.