Ставревски најави отварање на ТИР зони и нови вработувања во Куманово и Липково

Сподели со своите пријатели

На вчерашната расправа за буџетот на Република Македонија за 2016 година, вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, најави дека во план е одвојување на средства за отворање на Технолошко Индустриски Развојни Зони и тоа во општините Липково, Куманово и Маврово – Ростуше.

Loading...

Покрај овие ТИРЗ-ови, во буџетот на Агенцијата се ставени дополнителни средства за зоната во Струга со вкупна инвестициска вредност од 103 милиони денари. Предвидени се и средства за доградба на зоната во Кичево.

– Нашата политика е да се отворат зони во што е можно повеќе градови и да се вработат и Македонци, и Албанци, и Турци, и Роми, и Власи, и Срби, и сите националности кои живеат во Македонија. Наша цел е да креираме работа за сите невработени, истакна на вчерашната расправа, министерот Ставревски.