Ставил јаворов сируп во резервоар за гориво, сега може да добие пет години затвор

Сподели со своите пријатели

Лепливиот јаворов сируп може да се користи на безброј начини, но не и во резервоарот за гориво.

Loading...

Џереми Мајкл Фишер од Осинеке, Мичиген, би можел да заврши со долготрајна затворска казна поради бизарна работа. Тој е обвинет за злонамерно уништување личен имот вреден повеќе од 1.000 долари и помалку од 20.000 долари.

Имено, тој се скарал со жена и нејзиното момче на паркингот во Алпена. Набргу по расправијата автомобилот на жената престанал да работи. Се посомневала дека неодамнешната кавга има врска, па повикала полиција. Полицајците погледнале во капачето на резервоарот и забележале леплива материја што мириса на јаворов сируп.

Автомобилот бил пренесен на увид во сервис каде било утврдено дека на дното од резервоарот има одредена количина јаворов сируп кој ја затнал пумпата за гориво. Бидејќи трошоците за поправки надминале 1.000 долари, полицијата веднаш издаде налог за апсење на Фишер, кој бил приведен. Тој е во затвор а може да излезе со кауција од 25.000 долари.

Законот предвидува затворска казна до пет години и/или парична казна од 10.000 американски долари или три пати поголема отштета.