Статуетка за КУД „Панче Пешев“ од Фестивалот за најдобар вокален инструментален настап

Сподели со своите пријатели

И оваа година традиционално се одржа 43-иот Фестивал на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски”. Фестивалот се одржа на Рудина кај Долнени, прилепско на 8-ми и 9-ти јули.

Во исто време беше отворен и новиот амфитеатар кој е изграден со помош на Општина Доленени и Пелагонискиот плански регион а токму по повод одржувањето на овој реномиран фестивал. На отварање присуствуваше и советникот во министерството за култура Петрир Сарачини.

 

Loading...

 

Двете фолклорни вечери беа исполнети со звуците на гајдата, кавалот, тапанот, гуслата како и нашата прекрасна изворна македонска песна. На фестивалот зедоа учество повеќе од 350 натпреварувачи меѓу кои изведувачи од Пробиштип, Кочани, Истибања, Битола, Демир Хисар како и нашите сограѓани членовите на КУД “Панче Пешев” од Куманово. За прв пат настапи и влашката пејачка група од Скопје.

 

 

КУД Панче Пешев настапи со “Велигденско кумово оро” во изведба на изворниот оркестар и женска пејачка група со песната “Димко делија коња играја” со кој настап се здобија со стауетка за најдобар вокално инструментален состав.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.