Со стартот на новата учебна година, започнува и нова сезона за пливачкиот клуб „Делфин“ од Куманово. Уписите се во тек , а сите заинтересирани за спортската дисциплина пливање може да се обратат кај инструкторите и да станат дел од „ Делфин“, пливачки клуб што ги реализира часовите по пливање три пати неделно на градскиот затворен базен. Новата сезона пливачкиот клуб„ Делфин“ ја стартува во соработка со денс студио „Мак“ .
Нашата задача во иднина, на пливачкиот клуб „Делфин“ е да се грижиме за физичката подготовка на девојките што играат во денс студио „Мак“ . Од една страна добро е што КУД почнаа да ги согледуваат бенефитите и придобивките на спортот , а од друга страна ние како клуб се залагаме да го шириме пливањето во нашата општина и во нашиот град – изјави Александар Сприковски, претседател на ПК „Делфин“.
Loading...
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.