Старица во Хрватска е брутално приведена откако поминала на црвено (видео)

Сподели со своите пријатели

Снимка од насилносто приведување на 66 – годишна жена во центарот на Осјек во Хрватска, откако поминала на црвено, ја шокираше јавноста во регионот, а постапката на полицијата ја осуди и хрватскиот министер за внатрешни работи, Ранко Остојиќ.

Loading...

Како што може да се види од снимката, полицаец со покрупно тело ја турка постарата жена на бетон и ја врзува со лисици, откако таа одбива да застане, а како што соопштила хрватската полиција, постапката била оправдана.

Тоа што жената вели дека има приватни проблеми, за полицијата во Хрватска не било оправдување, а по нејзиниот отпор, се слуша како и полицаецот повикува за помош и асистенција од своите колеги.