Старица од Куманово брутално ограбена додека чекала лифт
On:
Сподели со своите пријатели
Седумдесет и тригодишна кумановка со иницијали Ј.М. вчера околу 10:40 часот во Секторот за внатрешни работи пријавила дека само час претходно, односно во 9:45 часот била нападната и ограбена, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено додека чекала да влезе во лифт од зградата, трчајќи до неа дошло непознато лице и со една рака ја фатило во пределот на устата, ја турнало на подот одземајќи и ја ташната во која имала 640 денари и лична карта на нејзино име.
Секторот за внатрешни работи – Куманово презема мерки за пронаоѓање на лицето.