Стапија на сила новите цени на нафтените деривати

Сподели со своите пријатели

Горивата од денеска ќе се продаваат за еден односно 1,5 денари повисока цена.

Loading...

Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на „Евросупер БС-95“ и „Евросупер БС-98“ ќе се зголеми за 1,5 денари и со тоа новата цена на „БС-95“ ќе изнесува 70,5 денари за литар, а литар „БС-98“ ќе чини 72,5 денари.

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство ќе се продаваат по цена поскапа за еден денар, со тоа што дизелот ќе чини 62 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство 51,5 денари за литар.

Се зголемува и цената на мазутот за 1,342 денари и ќе изнесува 36,081 денари за килограм.

Leave a Reply