Стапи на сила новиот режим за влез во Австрија

Сподели со своите пријатели

Од полноќ на сила стапи застроениот режим за влез во Австрија, со која владата сака да спречи повратниците во земјата да го внесат коронавирусот.

Loading...

Секој што влегува во Австрија од денеска ќе мора да замине во десетдневен карантин, што може да заврши најрано по петдневна изолација, доколку во меѓувреме направи ПЦР или тест за антиген на свој трошок и тој излезе негативен.

Без никакви рестрикции во Австрија можат да влезат лицата кои редовно доаѓаат во земјата за работа, вклучувајќи ги и негувателите, лицата кои доаѓаат во семејна посета најмалку еднаш месечно или лицата кои добиле покана од судот.

Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер, советува сите што пристигнуваат во земјата да имаат комплетен формулар за карантин пред да ја минат границата и вели дека 2.000 војници ќе им помагаат на голем број полицајци само на границите на Австрија со Унгарија и Словенија.

-И натаму ќе биде можно враќањето во Австрија, но влезот сега ќе биде многу потежок, рече Нехамер.

 Сашко Димевски

Leave a Reply