Стампедо во трговски центар: 12 лица повредени поради шопинг ваучери (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пет лица завршија во болница откако дошлодо стампедо во еден трговски центар во Австралија, додека со балони биле спуштани подароци во вид на ваучери.

Loading...

Во трговскиот центар Вестфилд Парамата, предградие на Сиднеј, луѓето се обидоа да грабнат балони со картички и притоа беа повредени 12 купувачи.

Кога се формирал метежот, неколку луѓе паднаа, меѓу кои и Дедо Мраз.

Џонатан Нот, кој успеал да направи снимка од настанот, рекол дека се плашел дека некој може да биде повреден.

„Не изгледаше како безбедно подрачје со оглед на големиот метеж“, додаде тој.

Болнички тим што пристигнал на местото на настанот им пружал помош и петмина од 12-те повредени се упатиле кон болницата.

„Три транспортирани пациенти имаат сериозни повреди, вклучително и трауматски повреди на градниот кош и болки во вратот и грбот, како и гадење и вртоглавица“, велат извори од болницата.

Leave a Reply