Стаклениот мост во Кина влезе во Гинисовата книга на рекорди (фото)

Сподели со своите пријатели

Мостот од стакло висок 120 метри на работ на една карпа на југозападот на Кина влезе во Гинисовата книга на рекорди како мост без поддршка затоа што е поврзан само со кабли, пренесуваат кинеските медиуми.

 

Loading...

 

Мостот долг скоро 70 метри во општината Чонгчин може да прими најмногу 30 лица, а свечено е отворен на 1ви април.

Кинезите привлекуваат туристи со стаклените мостови. Во таа земја минатата година за јавноста е отворен најдолгиот стаклен мост кој бил и инспирација за американскиот научно-фантастичен филм „Аватар“ на режисерот Џејмс Камерон.

 

 

Мостот долг 430 метри се наоѓа 400 метри над земја и е сместен измеѓу два паркови во кинеската провинција Хунан. Локацијата на мостот била инспирација за „“лебдечката планина која се јавува во филмот „Аватар“ од 2010 година.