Стабилно време, но со температури во опаѓање

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Loading...

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната од 14 до 22 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време, а во попладневните часови се очекуваат сосема слаби услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен, односно северозападен правец.

Температурата низ кумановско денеска ќе се движи во интервал од четири степени во утринските часови до максимални 15 во текот на денот.

 

Loading...

 

Следува период на стабилно време со појава на магла по котлините. Температурите ќе бидат во опаѓање, велат од УХМР.

 

Никола Ивановски