Стабилно и топло до крајот на работната недела

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 11 до 20 степени, додека максималните ќе бидат во интервал од 30 до 37 степени целзиусови. УВ индексот ќе има коефициент 8.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува слаб северен, односно североисточен ветер кој во попладневните часови може да донесе локално заоблачување и појава на врнежи и грмежи. Максималната дневна температура ќе се искачи до 31 степен.

До сабота ќе се задржи претежно стабилно и топло време. Најтопло ќе биде во сабота со максимална температура до 38 степени на југоистокот од земјава. Во недела кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд со грмежи, а во понеделник се очекува облачно време со пообилни врнежи од дожд, засилен северен ветер и занчително опаѓање на дневната температура.