Стабилизирање на времето и пораст на температурите од петок

Сподели со своите пријатели

Изутринава е сончево со мала до умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер од
променлив правец.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот во поголем дел од земјата ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно.

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец. Kон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во западните планински подрачја ќе има повремен слаб дожд (над 2.000мнв повремен слаб снег).

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Куманово и околината утринава биле измерени 6 степени целзиусови, а во изминатото деноноќие регистрирани се четири литри дожд на метар квадратен. Денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална дневна температура до 15 степени целзиусови, а ќе дува умерен ветер од источен правец. Во вечерните часови се очекува зголемена облачност и услови за послаб дожд.

Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер. Попладне облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат.

Од петок ќе настапи стабилизирање на времето со значително повисоки дневни температури, особено за време на викендот кога на планините ќе има забрзано топење на снежната покривка.

Leave a Reply