ССОУ „Киро Бурназ“ доби нова механизација (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Нова механизација за земјоделско-ветеринарната струка доби средното стручно училиште Киро Бурназ. Опремата е донација од Министерството за образование и наука, во рамки на проект, финансиран од ЕУ.

Loading...

Средното стручно општинско училиште Киро Бурназ, доби на располагање нова опрема наменета за земјоделско-ветеринарната струка. Механизацијата е во рамки на проектот „Skills“ на Министерството за образованието и наука, а финансиран од Европската унија.

Проектот има за цел подобрување на вештините и иновациите во образованието.

-Тоа е еден дел од проектот, другиот дел е снабдување на училишта со ИКТ опрема, во рамки на овој проект ние добивме трактор, приклучни машини, мотокултиватор, сушара за овошје, метеролошка станица, добивме и смарт табла, 20 компјутери добивме лаптоп, печатар, скенер. Овде добивме и комплет инструменти кои се користат во хирургија при ветеринарството, тоа е една убава донација досега немаме такво нешто добиено. Навистина сме задоволни, ова е за прв пат да добиеме нешто што не сме го барале, а некој се сетил на нас, и не снабдил со таа опрема. Професорите се обучени, ова е опрема која сите ја користат при практичната настава, ние  и пред да го добиеме овој трактор имавме наша механизација која ја користевме, ова се разбира е голема работа затоа што е ново, современо, сите се подготвени и може да ја користат, веќе еден дел од неа е ставен во функција-посочи директорката на ССОУ Киро Бурназ, Весна Трајковска.

Од училиштето информираа дека до крајот на месецов треба да им се достави уште опрема, која веднаш ќе започне да се употребува во наставата.

Е.Г.

Loading...

Leave a Reply