Српските лекари тврдат дека Ковид-19 може да го оштети слухот

Сподели со своите пријатели

Тим на лекари од ОРЛ клиниката на Клиничкиот центар Ниш го испитале влијанието на новиот коронавирус врз слухот, со што се покажало дека Ковид-19 може да доведе од слабо до умерено губење на слухот на високи фреквенции, изјави директорот на клиниката за ОРЛ Душан Милисављевиќ, истакнувајќи дека ова е првата се опфатна студија за ефектите на Ковид-19 врз слухот во светски рамки.

Loading...

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Милисављевиќ изјави дека тим на експерти бил во црвената ковид зона и го испитал влијанието на новиот коронавирус врз слухот кај умерено тешки и тешките пациенти.

– Откривме блага до умерена загуба на слухот на високи фреквенции. Ова значи дека коронавирусот може да го нападне и слушниот нерв. Ги евидентиравме пациентите, ги повикавме дополнително да го проверат слухот и ги повикавме да влеземе во втората фаза односно да најдеме соодветна терапија, истакна Милисављевиќ.

Врз основа на овие податоци, тој посочи дека кај некои пациенти слухот се враќа за неколку недели, а кај други по неколку месеци.

Милисављевиќ наведе дека за време на третманот на пациенти со оштетен слух се корористи дексаместазон, како и дека постојат две теории за тоа како новиот коронавирус го напаѓа и го оштетува слушниот нерв.

– Првиот е дека во крвта се формираат микротромби кои удираат на внатрешното уво и ја оштетуваат васкуларизацијата на слушниот нерв, а втората е недостаток на кислород во хемоглобинот, што го оштетува нервот, објасни Милосављевиќ.

Тој истакна дека никој во светот сè уште нема спроведено толку сеопфатна студија за ефектите на ковид-19 врз слухот и дека резултатите од студијата ќе бидат испратени до водечкото американско списание кое се занимава со теми за ОРЛ.

Оливер Бранковиќ, Србија

Loading...

Leave a Reply