„Српски вез“ организира изложба во Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Културно уметничкото друштво „Српски вез“ во четврток со почеток од 19 часот организира изложба во Општина Старо Нагоричане по повод завршување на проектот „Преку традиционалните културни вредности на заеедниците до подобар живот на граѓаните во Општината Старо Нагоричане“.

Станува збор за проект добиен од страна на Европската унија, а поддржан од Советот на Европа кој во изминатата година беше реализиран од челновите на културно уметничкото друштво.

На изложбата ќе бидат прикажани креациите изработени во работилницата во текот на изминатата година, како што се народни носии, накит , сувенири и украси, како и фотографии од настаните организирани во текот на 2015 година.