Српската заедница во Куманово ќе го одбележи „Св. Сава“

Loading...
Сподели со своите пријатели

По повод празникот Свети Сава, кој е национален празник на Србите во Македонија, Регионалниот одбор на Српската заедница во Македонија од Куманово и Демократската партија на Србите во Македонија, организираат 13-та по ред Свечена Светосавска академија. Манифестацијата ќе се одржи традиционално во Кумановскиот Народен тетар на 26 јануари со почеток од 19:00 часот.

На манифестацијата ќе присуствуваат високи гости од Србија и Македонија а додека Светосавската беседа ќе ја  прочита универзитетскиот професор, книжевник, дипломат и Амбасадор на Србија во УНЕСКО Дарко Танасковић.

– Академијата ќе биде збогатена со познатите звуци на легандарниот Српски инструменталиста Бора Дугиќ придружуван со Оркестарот на Бобан Продановиќ, информираат организаторите.

Во програмата учество ќе земат познатите актери од Народниот тетар во Белград Иван Вучковиќ и Владимир Јоцовиќ.

Исто така дел од академијата ќе биде и КУД „Српски“ со својата фолклорна и рецитаторска секција.

Leave a Reply