Срѓан Рашити разрешен од Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Со 27 гласа „за“ на синоќешната седница на Советот на Општина Куманово, му беше одземен советничкиот мандат на Срѓан Рашити од Сојузот на Ромите. Одлуката следи откако советникот неоправдано отсуствувал на четири седници. За потсетување Рашити советничкото место го добил благодарение на коалицијата на неговата партија со ВМРО-ДПМНЕ, но во април ја напушти и премина во коалицијата на СДСМ.

Loading...

-Комисијата за мандатни прашања, избори и менувања по добиено известување од претседателот на советот дека советникот Срѓан Рашити согласно евиденцијата отсуствувал од 16, 17, 18 и 19-та седница како предлог доставува до советот одлука да му се одземе мандатот бидејќи советникот го нема оправдано своето отсуство на овие четири седници-истакна Томица Илиќ, советник од СДСМ.

-Иако не добивме официјално оправдување што автоматски повлекува и законски последици како што е во случајот предлог одлука за одземање на мандат, имаме приватна информација од нашиот колега дека тој е веќе на привремена работа надвор од државата и планира својот личен и професионален пат да го продолжи надвор од државата и едноставно не е во можност понатаму да учествува во работата на советот. Ја користам приликата да ги пренесам најдобрите желби и благодарност од негова страна за досегашното искуство што го имал како член на советот и воедно и јас да му се заблагодарам за учеството и работатa-посочи Атина Мургашанска, претседател на Совет на Општина Куманово.

По разрешување на Рашити советничкото место треба да го пополни следниот кандидат од изборната листа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што неофицијално дознаваме во советничкото столче ќе седне Сашо Стошевски.

Leave a Reply