Средношколски Пленум на Куманово: Протестот беше злоупотребен од некои веб портали

Сподели со своите пријатели

Учениците од средните училишта во Куманово и покрај лошите временски услови, во текот на вчерашниот излегоа на улица и го искажаа својот револт против лошите реформи во образованието.

Loading...

Протестот според Средношколскиот пленум на Куманово е злоупотребен во политички цели откако беше пренесен на порталите Курир и Пулс24 со ист текст и иста фотографија, велат од Пленумот, користејќи ја бројката на собрани ученици на самиот почеток на целокупната организација

KURir

Од Пленумот реагираат на објавите дека првин скопските средношколци добивале по 1000 денари за учество на протест, а потоа и дека кумановските средношколци биле партиски членови на СДСМ, посочувајќи ги текстовите во провладините портали каде се напаѓаат дека доживеале дебакл на протестот, со прогноза дека истото ќе се случи во Струмица каде средношколците биле под влијание на опозицијата.

puls

DSC_0027

Од Средношколкиот пленум од Куманово, велат дека контра обвинувањата на некои портали, тие се презадоволни од излезеноста со оглед на крајно лошите временски услови.

Објавената слика е направена во моментот додека учениците се собираа. Ги демантираме сите тврдења дека учениците земале дневница за излегување на протест, Срамно е. Не ги навредувајте до толку сопствените деца. Доколку ги истражите имињата на најистакнатите координатори на Средношколскиот Пленум, нема да наидете на никаква поврзаност со било каква организација или политичка партија. Во многу наврати до сега ја докажавме нашата сериозност и решителност, така да ќе продолжиме и понатаму да стоиме на браникот на образованието и покрај сите клевети – изјави Никола Крстевски од Средношкослкит пленум за Кумановски Муабети.

Ова не е прв пат средношколците да биде ”жигосувани” со партиски обележја. Минатата година непознати лица излепија плакати низ градот со кои беа обвинети организаторите на протестите дека земале по 10.000 од СДСМ.

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.