Средношколците во Куманово повторно на протести

Сподели со своите пријатели

Откако барањата на Средношколскиот пленум не беа задоволени, ниту пак доволно разгледани од страна на претставниците на Министерството за образование и наука, но и откако по жестоките расправии во Собранието околу екстерното тестирање, законот се уште остана на сила, учениците повторно ќе излезат на улици.

Loading...

Средношколскиот пленум организира марш во Скопје, но бидејќи средношколците од Куманово нема да можат да присуствуваат поради финансиски причини, во четврток на пладне тие ќе протестираат по улиците во Куманово.

Одлуката е донесена на вчерашниот состанок кој го имаат дел од членовите, при што ученици од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, СОУ „Перо Наков“ и ОСТУ „Наце Буѓони“ повторно ќе излезат на улиците низ градот за да го искажат револтот од лошшите реформи во образованието.

Протестниот марш ќе започне на 22-ри октомври, односно веќе во четврток со почеток во 12:15 часот пред гимназијата „Гоце Делчев“.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.