Средношколците седнати на пат го блокираа излезот на градот (видео)

Сподели со своите пријатели

Ќе продолжиме да се бориме за нашите барања, истакнаа денес кумановските средношколци кои организирано повторно излегоа на протест на градскот плоштад во Куманово, по што подоцна се упатија кон излезот на градот.

Денес сме собрани во знак на поддршка на средношколскиот фронт, но и да упатиме апел дека ние не сме задоволни од нивните предлози, порачаа кумановските матуранти и средношколци.

Loading...

 

 

Собрани на излезот од градот, средношколците порачаа дека нема да престанат со протести, вели Никола Крстевски, член на Средношколскиот Пленум од Куманово.

– Баравме да се повлече математика како задолжителен предмет од државна матура, како повлекување на електронскиот дел од полагање матура. МОН изјави дека матурата ќе се полага според ланскиот концепт, со формирање на работни групи од средношколци и претставници од МОН, што кај нас создава сомнеж дека тие ќе не завлечкаат со години.

На денешниот протест, кумановските средношколци добија поддршка од Наставничкиот Пленум.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *