Средношколци од Македонија на трето место во Централна и Источна Европа по општо знаење

Сподели со своите пријатели

Средношколци од меѓународното училиште „Нова“ во Скопје освоија трето место на натпреварот по општо знаење CEESA Knowledge Bowl кој се одржа во Белград минатиот викенд. Бронзениот медал го добија во конкуренција од 16 тима од земји во Централна и Источна Европа.

Се работи за турнир каде од исклучително значење е брзината, а учесниците одговараат на случајно избрани прашања од различни области, како природни науки, историја, географија, уметност, лингвистика итн.

CEESA Knowledge Bowl се одржува секоја година во различни градови, а учествуваат образовни институции од Централна и Источна Европа.

– Презадоволни сме и од пласманот и од уделот на секој ученик во натпреварот. Го дадовме својот максимум и успеавме да победиме тимови кои важеа за фаворити. Секоја година испраќаме наша екипа на овој натпревар и, почнувајќи од 2015 година, учениците се враќаат со медал. Тоа е најголемото задоволство за секоја институција која е фокусирана на раст и развој на секој свој ученик со цел да го постигне својот максимален потенцијал, соопшти Меѓународното училиште „Нова“.

CEESA Knowledge Bowl во 2016 година се одржа во Скопје, а домаќин беше „Нова“. Тогаш двата македонски тима се пласираа на првото и второто место.

Натпреварот е дел од активностите на Асоцијацијата на образовни институции од Централна и Источна Европа (CEESA) во која членува и „Нова“./МИА

Leave a Reply