Во невидена ситуација се најде Ивана Константиновиќ, водителка на телевизија N1. Имено, додека се емитувал Дневникот и заѕвонил телефонот. Нејзината реакција воодушеви многумина. Водителката мирно го зеде мобилниот телефон, го исклучи тонот и го стави под масата.
Ја нарекоа кралица на ладнокрвноста и стана голем хит на Твитер.
Набргу по настанот, самата Ивана се огласи на Твитер и се пошегува на своја сметка. Таа објави видео кое се рашири на социјалните мрежи со забелешка „Телефонот постојано ми е исклучен. Исто и јас“. Со објавата водителката уште повеќе ја насмеа публиката.
„Сигурно би побегнал од студио доколку ми се случеше истото, а ако останам ќе значеше дека колабирам на лице место.“ “Хит, но вие продолживте без проблем“, се само дел од коментарите кои следеа” под објавата.
Ma meni je telefon stalno skroz utišan
Isto ja: https://t.co/MdtMhak55k— Ivana Konstantinovic (@Iva_Konstanca) May 3, 2022