Среде разунатата провинција овој турскиот град нема мртви и урнати згради. Еве зошто!

Сподели со своите пријатели

Среде турската провинција Хатај, која земјотресот ја претвори во безлични купишта урнатини под кои лежат десетици илјади мртви, стои овој град.

Loading...

Неговото име е Ерзин, има 42 илјади жители и во оваа катаклизма немаше ниту една жртва и ниту една урната зграда.

Во ниту еден од серијата застрашувачки земјотреси во Турција, од кои два беа со магнитуда од катастрофални 7,8 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, ниту една станбена зграда не се урна во Ерзин. Оштетени се само неколку семејни куќи и неколку минариња од џамиите.

Никој не е убиен, никој не е тешко повреден, објавија бројни медиуми како турскиот Хуриет.

Сепак, градоначалникот на Ерзин Оккеш Елмасоглу е долгогодишен и исклучително успешен непријател на секоја дивоградба.

Земјотреси со јачина од 7,8 и 7,6 степени според Рихтеровата скала предизвикаа катастрофални разурнувања во дури 10 турски провинции.

Во градот Хатај, на околу сто километри од Ерзин, земјотресите целосно уништија илјадници згради и ги претворија во куп урнатини, а тешко е оштетен и стариот град Османије, оддалечен само 20 километри, каде што илјадници луѓе загина под урнатините.

Во квартот на градоначалникот Елмасоглу, Ерзин, не се регистрирани човечки жртви или уште повеќе смртоносни повреди од урнатините.

Loading...

По толку среќен биланс, тој најпрвин го изрази своето жалење за смртните случаи, раните и загубите во другите турски окрузи, а потоа трпеливо објасни дека него и неговите сограѓани од злото ги спасил не само среќата и милиот Бог, туку и многу памет и почитување на законот.

Нагласувајќи дека од почетокот на својата јавна должност на ниту еден начин не дозволува дивоградба, Оккеш Елмасоглу за турските медиуми изјави дека многу негови сограѓани претходно биле изненадени, исмејувани, па дури и му се заканувале.

„Кога ми се лутеа како градоначалник, често ми велеа: „Нема ли друг пристоен човек освен тебе во оваа земја? Зошто си единствениот кој упорно се придржува до правилата?’

Не поминаа ни три месеци откако бев избран на функцијата, а роднина дојде кај мене со молба да му помогнам бидејќи е казнет за дивоградба. Кога му кажав дека не можам да му помогнам, ме праша дали сум единствениот чесен човек во цела Турција?“, се сеќава градоначалникот на Ерзин.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...