Средбата меѓу Путин и Ердоган може да се одржи во Русија

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин можеби ќе има средба со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во Русија, но датумите не се познати, изјави за Спутник извор од администрацијата на турскиот претседател.

Loading...

„Не, сè уште нема конкретни датуми. Господинот претседател навистина има многу напорен распоред на посети и разговори до крајот на годината. Разговорите меѓу соодветните служби на Турција и Русија за посетата се во тек, можеби некои детали ќе бидат познати за време на посетата на министерот за надворешни работи на Русија, која беше објавена вчера“, рече изворот.

На прашањето на дописникот на Спутник дали е можно разговорите да се одржат во Русија, изворот истакна дека „оваа опција не е исклучена“.

Тој објасни дека се ќе зависи од распоредот на двајцата претседатели, медиумите ќе добијат информации кога ќе се појават некои специфики.

Во исто време, Ердоган ќе ги продолжи телефонските контакти со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски, продолжи изворот на Спутник.

Главната цел на Анкара е да постигне одржлив прекин на огнот и да ги продолжи мировните преговори, пренесува Спутник.