Средба на министерот Бочварски со црногорската амбасадорка Петровиќ

Сподели со своите пријатели

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Црна Гора во нашата земја Марија Петровиќ.

Loading...

Министерот Бочварски на средбата со амбасадорката ги презентирал капиталните инвестиции во Република Северна Македонија, како и крупните проекти што ќе се реализираат во периодот што следува.

На средбата, информираат од Министерството за транспорт и врски, посебен акцент е ставен на изградбата и модернизацијата на патната и железничката инфраструктура на Коридорите 8 и 10, како важен аспект на регионалното поврзување и интеграцијата на регионот во Европската Унија.

– Во текот на средбата со амбасадорката Петровиќ разговаравме за сите крупни капитални проекти што ги реализираме во нашата држава во делот на изградба и модернизација на патната и железничката мрежа, а кои се клучни за регионално поврзување, интензивирање на трговските размени и економски раст на целиот регион. Република Северна Македонија презема сериозни активности за модернизација на Пан-европските Коридори и во таа насока и понатаму ќе се движат сите наши инвестиции, истакнал Бочварски.

На средбата е разговарано и за мерките и активностите што двете земји ги преземаат во насока на континуиран транспорт на стоки и патници, зголемување на меѓусебната трговска размена и зајакнување на регионалната соработка.

Фатиме Фазлији

Leave a Reply