Средба на министерот Бектеши со францускиот амбасадор Бомгартнер

Сподели со своите пријатели

Министерот за економија Крешник Бектеши  се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во нашата земја, Н.Е. Сирил Бомгартнер.

Loading...

Министерот му посака многу успех на Бомгартнер во вршењето на новата должност, пришто се заблагодари за досегашната поддршка од Република Франција во евро-интеграциските процеси на Република Северна Македонија.

Министерот и амбасадорот разговараа за досегашната економска и трговска соработка меѓу двете земји и можностите истата да се унапреди во наредниот период.

Министерот Бектеши се заблагодари за пријателската поддршка од Франција во демократските и евроатлантските процеси на земјава, и истакна дека има голем простор за зголемување на економската соработка меѓу двете земји.

Министерот го информираше амбасадорот за мерките и активностите кои што ги превзема Министерството за економија и Владата за поддршка на бизнис секторот со цел намалување на негативните последици предизвикани од пандемијата.

Двајцата соговорници се согласија дека има голем простор за соработка меѓу двете земји пред се во делот на инвестициите во енергетиката, посебно кај обновливите извори на енергија.

Министерот Бектеши и амбасадорот Бомгартнер  се согласија да продолжи комуникацијата во насока на подобрување на економските релации и меѓу двете земји и изнаоѓање на најсоодветни решенија за економски развој на двете земји.

Интегрално соопштение: Министерство за економија

Loading...

Leave a Reply