28.05.2019 14:04

Сребро за Велевски и Стоилковиќ од ММА турнирот „GFC4“ (ФОТО+ВИДЕО)


Борците на ММА Клуб Куманово 2006, Милош Велевски и Александар Стоилковиќ викендов се вратија со освоени сребрени медали од Меѓународниот ММА турнир „GFC4“, кој викендов се одржа во Врање, Република Србија.

Во финалето Велевски се сретна со битолчанецот Игор Додевски во категорија до 66 килограми и по одлично започнатата борба со удари од двете страни, противникот при едно невнимание на кумановецот ја однесе победата со гушење од зад грб.

loading...

Со сребро се врати и Стоилковиќ кој во финалната борба се сретна со Милош Ѓорѓевиќ од Краљево и исто така загуби со гушење од зад грб, притоа не успевајќи да го освои златниот медал.

– И самото учество на овие квалитетни турнири се смета за успех и е едно искуство повеќе. Се надевам дека со настапите на нашите натпреварувачи, со нивните храбри борби достојно го претставивме градот и клубот. Ќе продолжиме со исто темпо и очекуваме успеси и во иднина, истакна тренерот Сашо Илиевски.

И оваа учество, двајцата млади кумановци го остварија со поддршка од градоначалникот на Општина Куманово, општинскиот Сојуз на спортови и компанијата „Махагони“.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments