Сребрен медал за Филип Наковски од сениорското Првенство во кик бокс (фото)

Сподели со своите пријатели

Филип Наковски повторно ниже успеси. Кумановскиот кик боксер учество зеде на Првенството за сениори во кик бокс, кој се одржа во Неготино и се закити со сребрен медал и освоено второ место.

 

Loading...

nakovski

 

Наковски беше претставник на Кик бокс клубот „Куманово 2006“, каде се натпреваруваше во категоријата лоу кик до 86 килограми, при што во полуфиналето беше подобар од битолчанецот Коста Бакричевски од клубот „Самурај“, кој го совлада на поени.

 

nakovski 2

 

Во финалето и покрај напорите што ги вложи сепак не успеја да го словада Стојан Велков, искусниот репрезентативец од клубот „Адреналин“ од Скопје.

Наковски прикажа добра и храбра борба, меѓутоа при крајот на првата рунда при блок ја повреди ногата при што беше приморан да ја прекине борбата. Но, и покрај тоа сум задоволен од резултатот и очекувам успех во иднина – вели неговиот тренер Сашо Илиевски.

Инаку Филип Наковски константно ниже успеси на натпреварите на кои учествува во последно време. Меѓу последните поголеми успеси е наградата од Балканското првенство, но и тоа што успеа да стане шампион на Македонија.