Србиновски: Нема место за опуштање и недисциплина (видео)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово утревечер со почеток во 19 часот на домашен терен ќе ја пречека екипата на Работнички во рамките на првиот меч од четвртфиналето на плејофот во домашната Кошаркарска лига.

Со предност од еден поен многу зависи од овој натпревар, а она што беше до сега нема назад, вели тренерот на КК Куманово, Марјан Србиновски.

Екипата на Работнички е доста искусна екипа, можеби имаат еден до двајца малди играчи, но се една компактна екипа кај што може да направат проблем. Ако ја прифатиме утакмицата сто посто како што треба да ја прифатиме мислам дека треба да се надеваме на добар резултат. Секоја мала недисциплина би не коштала можда и пораз што не би поништил на тоа. Не чека тежок натпревар, нема што било како било, се се брише, од нула се почнуе и се надевам на добра игра и на победаѓ – изјави Србиновски.

Откако Карпош Соколи го совладаа МЗТ, кумановци ес спуштија повторно на третата позиција со што за своето место ќе треба да се докажуваат во четвртфиналните натпревари.

Екипата горе доле го крева нивото, формата ни е во нагорна линија и мислам дека треба така да продолжиме и да одиме натпревар по натпревар па ќе видиме што ќе направиме на крај – додавата Србиновски.

Инаку, по пишувањата дека е можно неколку меча во Спортската сала во Куманово да се играат без публика, директорот Давидовиќ категорично ги отфрли ваквите пишувања, па затоа сите љубители на кошарката се добредојдени со фер навивачка атмосфера да ја дадат поддршката на локалниот клуб кој убедливо ќе чекори кон титулата.