Србин приведен во Куманово со марихуана

Сподели со своите пријатели

Српски државјанин кој привремено престојувал во Куманово е приведен поради поседување марихуана.

Loading...

-СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.А.(36) од Р.Србија, со привремен престој во Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од кумановската полиција.

На 09.02.2020 на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Никола Ивановски

Leave a Reply