Србин приведен кај Куманово поради шверц на Непалци

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен државјанин на Србија бил приведен вчера на автопатот Табановце – Куманово поради шверц на Непалци.

Loading...

– На 14.11.2023 околу 17.50 часот на автопатот „Пријателство“, делница Табановце-Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода М.М.(34) од Република Србија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во возило „фолксваген пасат“ со регистарски ознаки на друго возило, кое го управувал, биле пронајдени 12 лица мигранти од Непал.

М.М. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски