Србин превезувал Авганистанци низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Педесетгодишен државјанин на Србија бил приведен утринава откако бил затекнат како превезува мигранти од Авганистан.

Loading...

– На 24.02.2023 во 07.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Д.(50) од Република Србија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, тој бил затекнат на улица „Србо Томовиќ“, каде со патничко моторно возило „мерцедес“ превезувал пет лица мигранти од Авганистан.

Б.Д бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“