Србин физички ја нападнал мајката на невенчаната сопруга

Сподели со своите пријатели

Четириесет и деветгодишен државјанин на Србија бил приведен вчера откако физички ја нападнал мајката на неговата невенчана сопруга.

Loading...

– На 03.04.2024 во 20.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.С. (49) од Република Србија затоа што физички ја нападнал мајката на неговата невенчана сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, Б.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Маџовски: Повеќе пари за спортот и формирање школски и младински лиги