Спречена хаварија со камион за смет во Куманово, „Чистота и зеленило“ најави кривична пријава

Сподели со своите пријатели

Камион за смет на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ денеска се запалил, откако во центарот на Куманово подигнал контејнер во кој најверојатно имало пепел и остатоци од огревен материјал.

Loading...

Неколку минути откако бил подигнат сметот, вработените забележале дека камионот чади затоа што сметот се запалил. Го истовариле на улицата „Народна револуција“ далеку од куќите, а таму интервенирала противпожарната екипа која го изгаснала пожарот.

Во настанот нема повредени, но како што информираше директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Даниел Стојчевски, спречена е поголема хаварија благодарение на брзата реакција.

Додава дека претпријатието ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител.

– Би сакал да ја искористам оваа ситуација да упатам апел до граѓаните на општина Куманово, особено да внимаваат при одлагање и фрлање на сметот, особено оној од огревни шпорети, пепел и друг материјал, затоа што навистина ни предизвикува проблеми. Последните месец дена често се случува садовите за смет да се палат од непрописно фрлање на сметот, може да настане ситуација како денеска што ни се случи со тоа правиме дополнителна штета и на камионите и она што е најлошо ги доведуваме животите на вработените во опасност. Денеска помина денот како што помина, имавме среќа. Би сакал да упатам уште еден апел граѓаните да внимаваат како го одлагаат сметот, односно пепелта од своите шпорети за да не се доведуваме повеќе во вакви ситуациии, изјави Стојчевски.

Стојчевски упати апел граѓаните внимателно да го одлагаат сметот, а особено оној лесно запаллив. Воедно ги повика граѓаните повеќе да ги користат садовите за селективно одлагање на смет поставени пред неколку месеци.

Leave a Reply