Спречен шверц на оружје, автоделови и ножици на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Ловечки пушми, патрони за муниција, автоделови и ножици биле запленети изминатата недела на Граничниот премин Табановце од царинските службеници.

Loading...

Три ловечки пушки и 324 патрони ловечка муниција биле откриени на излез од државата на граничен премин Табановце при контрола на возило извршена од мобилен царински тим.

– Оружјето е пронајдено под душекот на импровизиран кревет во патничко комбе со грчки регистарски таблички со кое патувал грчки државјанин во придружба на неговото семејство, информираат од Царинската управа.

Цариниците откриле и непријавени автоделови со вредност од над 200 илјади денари.

– Откриени се од Службата за мобилни скенери на влез во државата на граничен премин Табановце при контрола на камион со бугарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин. Непријавените производи се пронајдени во просторот за палети на камионот и истите се запленети, велат од ЦУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

Било спречено и криумчарење на 275 парчиња ножици за кроење, како и делови за ножици.  Истите биле пронајдени во кутии коишто биле скриени помеѓу седиштата на возилото.

– Осцилациона и вибрирачка опрема што се користи во индустријата со вкупна вредност од 357 илјади денари е откриена од страна на Службата за мобилни скенери при контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце, велат од Царинската управа.

Како што додаваат, непријавената опрема е пронајдена во приколката наменета за багажот на автобусот, инаку со македонски регистарски таблички,  управуван од македонски државјанин.

Loading...

Никола Ивановски