Спречен шверц на мигранти кај Аџитепе

Сподели со своите пријатели

Шверц на мигранти бил спречен вчера од полицијата кај местото Аџитепе во Куманово, при што шверцерот се дал во бегство.

Loading...

– На 16.03.2023 околу 21.20 часот во СВР Куманово е пријавено дека кај место викано „Аџитепе“, полициски службеници од Полициска станица Сопот во патничко возило „голф“, со бугарски национални ознаки, пронашле четири лица мигранти (3 од Сирија и 1 од Пакистан), додека возачот се дал во бегство откако ја забележал полициската патрола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци се тепале пред продажен објект

Никола Ивановски