Спречен шверц на девизи, цигари, музичка опрема, хранливи пијалоци и мигранти на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија 2 царински измами, двајца iлегални патници и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, тутун, паметни часовници, музички уреди, кожни столици, додатоци на исхраната и сликарски бои, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Вкупно 15.000 евра откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за влез во државата, на граничниот премин Табановце автопат. Во преден десен џеб од панталоните на возачот се пронајдени 25.000 евра, од кои согласно законските прописи му биле вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а за сторениот прекршок е поведена прекршочна постапка.

 

Loading...

d234e4fd-5231-47b7-af46-58283e425697

 

Биле откриени и 36 штеки цигари RODEO со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на бугарски автомобил управуван од македонски државјанин пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените цигари, пронајдени во фабрички шуплини, во седиштата, на кровот, како и во еден пакет со разни прехранбени производи, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

 

9a48ae1a-686b-4fd6-a2f8-7601088f949f

 

Две употребувани музички засилувачи DYNACORD SL900 2x450W и една употребувана миксета SOUNDCRAFT MFX, откриени биле при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи, пронајдени во куфер сместен во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

 

9b57656c-6aea-4a7a-8919-2cfdea9ff046

Loading...

 

62e0b997-ded9-4d4e-bf35-cfa10550c7f9

Околу 9 кг (16 пакувања од 550 грама) прашок Herbalife за добивање на хранливи пијалоци и 400 грама (6 пакувања од 50 грама и 1 пакување од 100 грама) Herbalife инстант пијалок со екстракти од чај, откриени од страна на мобилните тимови, при контрола на словенечки автобус пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

 

Непријавените производи, пронајдени во патна торба сместена во багажниот простор, се привремено задржани, а против сопственикот, македонски државјанин кој патувал со автобусот, е поденесено барање за поведување прекршочна постапка.

 

 

 

 

 

Царинските службеници од граничниот премин Табановце автопат спречија обид за нелегално преминување на границата на две лица кои не поседувале документи за идентификација. Двете лица се пронајдени во внатрешноста на приколката на македонски камион, натоварен со лубеници, кој се пријавил за излез од државата. Случајот е предаден на полициските службеници од граничниот премин за понатамошна постапка.

a20ed0e5-b067-49a5-9cb4-51af988680a8

Loading...